Велосипедско дефиле во Македонија
По повод 22 Септември - Денот без автомобили и Европската недела на мобилност 2016 (16-22 септември), на градските улици во Скопје и во 12 други градови ќе се одржи велосипедско дефиле.
Традиционално, дефилето во Скопје ќе стартува во 11 часот кај порта „Македонија“. Велосипедистите ќе возат по улицата „11 Октомври“, а на крстосницата со булеварот „Кочо Рацин“ ќе завртат десно до крстосницата со улицата „Свети Кирил и Методиј“. Потоа ќе возат по улицата „Свети Кирил и Методиј“, па десно по булеварот „Свети Климент Охридски“, на крстосницата со булеварот „Партизански одреди“ ќе завртат лево и ќе возат по булеварот се до крстосницата со улицата „Никола Парапунов“. Потоа ќе завртат десно и по булеварот „Илинден“ ќе пристигнат во Градскиот парк, на Школка.
Во 11:30 часот на Школката во Градскиот парк, ќе се одржи забавен хепенинг со настап на уличните свирачи и наградна игра за учесниците во дефилето.
На дефилето ќе се приклучат и ќе се обратат шефот на Делегацијата на ЕУ Самуел Жгобар, вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми, министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети и претседателката на Советот на Град Скопје Ирена Мишева.
Велосипедско дефиле ќе има и во Берово, Битола, Кичево, Струмица, Велес, Кочани, Куманово, Неготино, Дојран, Охрид, Пехчево и Штип.
Оваа година Европската недела на мобилност се одбележува во повеќе од 2.370 градови и во 51 држава од Европа и светот.
Ново на Сител
-
Ако цените од четврток скокнат - ќе има нови мерки!
-
Државна ревизија открива слабости во договорените јавно-приватни партнерства
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во кочанската дискотека
-
Кочани повод за втора интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Апелационен суд Штип: Бектеши останува во притвор
-
Кос: Македонија е тажна приказна на Балканот која предолго чека влез во ЕУ
-
Семејствата на настраданите во Кочани на протест пред јавното обвинителство во Скопје