Велосипедско дефиле низ улиците во Скопје
Преку 2.000 велосипедисти денеска учествуваа на традиционалното велосипедско дефиле по повод Денот без автомобили и Европската недела на мобилност кои возеа од плоштадот „Пела“ низ скопските улици до „Школка“ во Градскиот парк.
На дефилето, меѓу другите, учествуваа вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми, министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети, евроамбасадорот Самуел Жбогар и претставници на Град Скопје.
Евроамбасадорот Жбогар порача граѓаните да го користат велосипедот почесто бидејќи, како што рече, е добро за здравјето и заштедува средства.
- Возењето велосипед е добро за здравјето и затоа не треба да применува само еднаш во годината, туку секојдневно. На тој начин ќе се подобри здравјето и ќе се заштедат средства, порача Жбогар.
Вицепремиерот Адеми истакна дека денешниот настан е значаен, бидејќи Македонија придонесува за да се подигне јавната свест за заштита на животната средина и намалување на загаденоста.
- Големиот број на луѓе што се приклучија денеска е доказ дека ние ги препознаваме и споделуваме заеднички европските вредности, а тоа е една причина повеќе да бидеме дел од европското семејство, потенцира Адеми.
Според министерот за животна средина и просторно планирање Амети, ова дефелиле е организирано со цел да се влијае врз свеста на граѓаните за зачувување на здравјето и животната средина и амбиенталниот воздух. Тој ги повика граѓаните почесто да практикуваат ваков начин за транспорт.
На завршната точка од дефилето кај „Школка“ се одржа музички хепенинг, а за учесниците беа доделени и 20 велосипеди подарок од МЗЖВПП, Град Скопје и Цементара-Скопје.
Европската недела на мобилност се одржува секоја година од 16 до 22 септември. Првпат беше иницирана во Франција во 1998 година, а во Македонија официјалното одбележување започна во 2001 година.
Ново на Сител
-
Инфлацијата во август 4,4 проценти на годишно ниво, 0,2 на месечно
-
Вучиќ се сретна со новиот амбасадор на ЕКСПО 2027, Џеки Чен
-
Поскапуваат горивата
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Димовски го признаа прислушувањето
-
МВР: Септември почна со 5.171 сообраќаен прекршок, приведени 32 возачи
-
Северна Кореја одбележува 77 години од основањето со повик за единство и самостојност
-
МВР ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во ЕУ за да нема застои на премините
-
„Ќе ги дигнел на клоци“ или „ќе ги фрлел од 6-ти кат“, виш јавен обвинител се заканувал и малтретирал пет службенички