Велосипедски трки во општина Илинден, посебен режим на сообраќај

По повод денот на општина Илинден, денеска во периодот од од 15:30 до 19:30 часот ќе се одржи велосипедска трка, поради што ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот долж предвидените тркачки патеки.
Од 15:30 часот велосипедската трка за реакреативци ќе стартува од спортска сала „Гоце Делчев“ во населбата Илинден, потоа кон село Марино, назад кон Илинден, по улица „9“, улица „8“ до спортска сала „Гоце Делчев“.
Трасата, пак, на велосипедска трка за професионалци што е закажана за 16:00 часот, е со старт од паркингот пред спортската сала во општина Илинден преку надвозникот во населба Илинден кон Ајватовци, потоа Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци, Кадино, Марино и назад до спортска сала „Гоце Делчев“. Се очекува трката да заврши до 19:30 часот.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по трасите на кои ќе се движат натпреварувачите.
Ново на Сител
-

Унијата ќе воведе радикални мерки за штедење
-

Сејф сити: Зголемен бројот на прекршоци во март во споредба со февруари
-

Објавен оглас за прием на нови 300 професионални војници - армијата го одбележа денот на Првата пешадиска бригада
-

Ахмети: Секој што ќе го допре албанскиот јазик ќе добие одговор
-

Стартува изградбата на далекуводот Битола - Елбасан
-

Иднината на работата во ерата на вештачката интелегенција
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за самоубиството во Карпош
