Велосипедски полигон за деца во Парк Македонија
Официјално пуштен во употреба нов урбан велосипедски полигон за деца во Парк Македонија со површина од 660 кавадратни метри.
На отворањето на полигонот, како што соопшти Град Скопје, присуствуваа градоначалникот Коце Трајановски, генералниот директор за банкарство на мало од Стопанска банка, Милица Чапаровска Јовановска, како и деца од околните градинки и училишта.
Градоначалникот Трајановски рече дека велосипедскиот полигон за деца е од едукативен карактер и има за цел децата да ги научат сообраќајните знаци и сообраќајните правила.
- Велосипедскиот полигон за деца е со должина на патека од 270 метри и урбана опрема бампери, рампа, паркиралиште за велосипеди, нишалки, лизгалки, дрвена куќарка, површини исополнети со песок, клупи за седење, пикник маси и корпи за отпадоци. Во изградбата на овој едукативен полигон беа користени еколошки материјали. Вредноста на овој проект изнесува 1.234.000 денари, рече Трајановски.
Во тревните површини околу паркингот за велосипеди и зоната со нишалки се поставени 12 клупи за седење, 4 сетови од пикник маси и клупи за седење и корпи за отпадоци.
Велосипедски полигон за деца во Парк Македонија е донација од Стопанска банка.
Генералниот директор за банкарство на мало од Стопанска банка Милица Чапаровска Јовановска, изјави дека ова е ретка можност ваков јавен простор да биде оплеменет и трансформиран во катче за рекреација, забава и секако едукација за најмладите.
Ново на Сител
-
Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон
-
Трендафилов: Загрижува што нема договор за зголемување на минималната плата
-
Се проширува истрагата за Епстајн: На удар „роденденската книга“
-
Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски
-
ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати
-
Без вода утре делови од општина Ѓорче Петров
-
Странски државјани приведени на „Табановце“, носеле бела прашкаста материја и таблети
-
Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025