Велосипедската тура со хуманитарен карактер „Cycle4Europe“ стартува утре од Скопје
Велосипедска тура со хуманитарен карактер „Cycle4Europe“ ќе почне утре на градскиот плоштад „Македонија“. Турата ќе се одржува од петти до 19 септември годинава со цел да се подигне јавната свест за ранливите групи на луѓе во Европа. Организатор е шведско-норвешката фондација „Лоза“, а локален партнер во организацијата на велиспедската тура е Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија.
Велосипедската тура ќе биде предводена од светскиот шампион и професионален спортист Џонас Колтинг, кој заедно со другите велосипедисти во текот на две недели ќе вози 2.500 километри. Почетокот на рутата е во Скопје. Велосипедистите ќе поминат низ Портата „Македонија“ и ќе возат до границата со Косово, а потоа низ Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и продолжува низ останатите европски држави до финалната дестинација градот Варберг во Шведска. Тоа што турата „Cycle4Europe“ ќе почне од Скопје е симболично затоа што фондацијата има соработка со три дома за деца без родители во нашата држава.
Основачот на Фондацијата „Лоза“ Сабина Грубесон, која е еден од иницијаторите на „Cucle4Europe“ на денешната прес-конференција рече дека европските земји ја гледаат Република Северна Македонија со позитивни очи и интерес бидејќи, како што рече, развојот е процес на соработка.
– Преку „Лоза“ ние имаме волја да го поддржуваме локалниот општествен развој, рече Грубесон.
Колтинг соопшти дека целта е со утрешниот настан да се привлече внимание, да се информираат луѓето дека постои фондацијата „Лоза“ и да донираат средства за корисна работа. Колтинг, кој првпат е во нашата земја, изрази надеж дека ќе возат и видат убави предели.
Претседателот на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори Горан Петрушев посочи дека се работи за тешка тура што можат да ја возат само професионалци.
Тој информира дека попладнево ќе бидат донирани 50 велиспеди на деца и младинци, поранешни и сегашни корисници од Јавната установа „25 Мај“ и „Ранка Милановиќ“ и Домот за деца без родители „11 Октомври“.
На градскиот плоштад вечер ќе има промотивен музички настан, со гостување на домашни пејачи и говорници од институции за подигнување на јавната свест за потребата од забрзување и проширување на процесот на деинституционализација.
Фондација „Лоза“ е добротворна организација основана во Шведска во 2017 година. Работи во корист на најранливите деца и млади, деца без родители и родителска грижа, деца и лица со попреченост кои се уште живеат во институции со цел да добијат подобра иднина. Ги поддржува домовите „25 Мај“, „11 Октомври“ и „Ранка Милановиќ“ со облека, чевли, зимски јакни, активности за зголемување на самодовербата.
Ново на Сител
-
Земјоделските култури под топлотен стрес, се очекува врнежите да ја подобрат состојбата
-
Невреме во Скопје проследенo со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-
Земјотрес на подрачјето Тетово - Гостивар со интензитет од три степени
-
Поради голема бучава одзедемени „Ламборџини“, „Ауди“ и „БМВ“
-
Физичка пресметка меѓу две лица пред казино на Бит Пазар
-
Маж од штипско со остар предмет ги нападнал својата сопруга и нејзините мајка, татко и брат
-
Поради екстремната жештина во Португалија за една недела умреа речиси 300 лица
-
Жена обвинета откако мало дете е пронајдено во куфер во Нов Зеланд