Велосипедска тура „Тур де Галичица“

Четвртата велосипедска тура „Тур де Галичица“, на која ќе учествуваат околу 250 рекреативци од Македонија, ќе стартува утрово од градскиот плоштад „Цар Самоил“ во Ресен. Велосипедската рекреативна тура ќе се вози низ падините на Националниот парк Галичица, во вкупна должина од 71 километар.
Новина, како што најавува организаторот, Велосипедскиот клуб „Преспа Бајк“, е планинарската тура до највисокиот врв на планината Галичица, Магаро на 2.255 метри надморска височина.
„Тур де Галичица“ оваа година се организира по четвртти пат и според еден од одговорните во организацијата на настанот Кристијан Ќулумовски покрај дружењето и рекреацијата, основна цел на настанот е да се даде силен придонес кон промоција на природните убавини на Преспа во функција на развој на туризмот во ова подрачје.
Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
