-->
-->
Велосипедист почина во сообраќајка
-->
Скопјанецот Руфки Н. (70) го загуби животот во сообраќајна несреќа која вчера околу 12:30 часот се случила во скопско Ченто, на крстосница од ул. „Методија Андонов Ченто“ и ул. „Антон Попов“.
Како што соопшти полицијата, патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Р. (20) од с.Арачиново, удрило во велосипед управуван од Руфки Н. (70) од с.Сингелиќ. По незгодата, Н.Р. со возилото го пренел велосипедистот во поликлиниката „Ченто“, каде што страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва
-
Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-
Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство
-
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“
-
Отворена нова истрага против Марин Ле Пен - за закани кон судии
-
Заматена водата за пиење во Кавадарци
-
Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност