Вељаноски се сретна со новиот холандски амбасадор Вилем Ваутер Пломп

Претседателот на Собранието на Република Мкаедонија Трајко Вељаноски денеска имаше протоколарна средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија Вилем Ваутер Пломп.
На почетокот од средбата, како што соопшти Кабинетот на Вељаноски, вајцата соговорници изразиле надеж дека успешната соработка која Собранието на Република Македонија ја имало со претходните амбасадори ќе продолжи и натаму.
Амбасадорот Пломп се заблагодарил за можноста да се сретне со претседателот Вељаноски и истакнал дека Амбасадата на Кралството Холандија е подготвена за натамошна поддршка за интеграција на Македонија во членството во ЕУ и НАТО, како и на парламентарна соработка меѓу двете земји, на ниво на претседатели на парламенти, но и на ниво на пратеници и групи за соработка.
Тој ги поздравил, како што истакнал, двата големи чекори за Македонија, враќањето на пратениците од опозицијата во Собранието на Република Македонија и договорот за Специјалниот јавен обвинител.
Вељаноски истакнал дека Република Македонија и Кралството Холандија имаат одлична билатерална соработка и дека земјава е благодарна на поддршката која ја добива во однос на предизвиците со кои се соочува на патот на евроинтеграциите.
Двајцата соговорници се согласиле дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан е од особено значење, не само за регионот, туку и за Европа во целина.
На средбата се разговарало и за тековните активности во Собранието и моменталната политичка ситуација во Република Македонија. Исто така, се разговарало и за големиот наплив на мигранти од Блискиот Исток со кои се соочува Република Македонија и како таа состојба да се надмине во скоро време.
Претседателот Вељаноски истакнал дека Република Македонија прави големи напори и ги почитува сите меѓународни протоколи за овие кризни состојби.
На крајот на средбата, претседателот на македонскиот Парламент ја ја потенцирал отвореноста на оваа институција и Кабинетот на претседателот за сите нови идеи за соработка и континуирана комуникација со Амбасадата на Кралството Холандија.
Ново на Сител
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
-

Од Дубаи екстрадиран 33-годишен бегалец по потерница на македонската полиција
-

Рама: Одборот за мир би можел да ги „размрда“ ОН на акција
-

Се огласи сопругата на градоначалникот на Скопје: Мојата чанта вреди 944 денари
-

Јаневска: Прифатливи се аргументирани забелешки за законот за високо образование
-

Метален профил усмрти 23-годишен работник од Велес на објект во изградба
