Велика Британија за три недели пресретнала 21 руски авион на границите на НАТО
Во текот на изминатите три недели за време на мисијата во Естонија, британските борбени авиони „пресретнале“ 21 руски авион на границата на воздушниот простор на НАТО, соопшти доцна синоќа британското Министерство за одбрана.
Меѓу руските авиони биле регистрирани борбени и транспортни авиони и авиони за собирање разузнавачки информации, како и бомбардерите „Ту-22М“, соопшти британската одбрана.
-Овие пресретнувања се добар потсетник за вредноста на колективната одбрана и одвраќањето што ги обезбедува НАТО, изјави британскиот министер за одбрана Бен Валас.
Според него, Кралското воено воздухопловство (РАФ) во изминатите три недели работеше заедно со сојузниците за да се осигура дека земјите-членки на НАТО и партнерските нации се заштитени.
Британските авиони во Естонија се наоѓаат од март, како дел од британскиот придонес во мисиите на НАТО. Тие ги надгледуваат руските авиони кои не комуницираат со агенциите за воздушен сообраќај, што претставува закана за безбедноста на воздухопловството.
Авионите на ОК ќе останат во Естонија до август, кога ќе бидат заменети со шпански авиони.
Ново на Сител
-
Советот на јавни обвинители ќе ја разгледува иницијативата за разрешување на Коцевски откако ќе ја добие
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски со месеци ги штити поранешните функционери на СДСМ
-
Не помина предлогот на Левица за ограничување на патните трошоци за пратениците
-
Дали членовите на Судски совет ќе си поднесат оставка ако им биде изгласана недоверба?
-
Измените на Кривичниот законик пред Уставен
-
Општините повторно може да аплицираат за пари од државата за инфраструктурни проекти
-
За поголема безбедност во сообраќајот, Штип го имплементира проектот “Save city”
-
Тренд на интелектуална миграција