Велика Британија вработува дополнителни 1.900 агенти
Велика Британија дополнително ќе вработи 1.900 агенти во безбедносните и разузнавачките служби, со цел да се спротивстави на опасноста од терористички напади по крвавите настани во Париз.
Ваквиот потег е најголем пораст на ангажирањата во британската безбедносна служба од бомбашките напади во Лондон во 2005 година, кога беа убиени десетици луѓе. Мерките денеска официјално ќе ги објави британскиот премиер Дејвид Камерон.
- Одлучен сум да ангажирам ресурси кои ни се потребни во борба против терористичките закани, бидејќи заштитата на британскиот народ е моја најголема должност како примиер, истакна Камерон.
Покрај зголемувањето на бројот на агентите во британските безбедносни служби, на аеродромите ширум светот ќе бидат ангажирани дополнителен број офицери за безбедност во авијацијата, како одговор на уривањето на рускиот авион во Египет минатиот месец, бидејќи британската Влада се сомнева дека во леталото била поставена бомба.
Ново на Сител
-
Мицкоски задоволен од постигнатиот консензус меѓу Македонија и Бугарија за пругата од Коридорот 8
-
Активни се 4 шумски пожари низ земјава
-
Почина 16-годишен мопедист - Излетал од коловозот
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен судскиот процес за судењето на Раде Трајковски - Штекли
-
Дојран оваа сезона очекува 150 000 ноќевања
-
Преглед на вестите од светот
-
Докторка уапсена за поткуп