Велика Британија ќе ги заостри мерките против интернет продажбата на ножеви на деца
Владата на Велика Британија подготвува нов закон за борба против криминалот, при што ќе биде воведно ново кривично дело – „поседување ладно оружје со намера да се изврши насилство“, за што се предвидува казна затвор до четири години доколку немало акт на насилство.
Предлог-законот на пролет треба да биде изгласан во Парламентот.
Со новиот закон предвидено да се зголемат проверките за малолетните лица кои преку интернет купуваат ножеви, а за продажба на лица под 18 години ќе се зголеми казната од шест месеци на две години затвор.
– Застрашувачки е колку лесно младите луѓе можат да дојдат до ножеви, изјави британската министерка за внатрешни работи Ивет Купер.
Законот ќе биде именуван по 16-годишниот Ронан Канда, кој беше убиен пред три години во Вулверхемптон (централна Англија) од соученик на иста возраст, кој го помешал со друга личност.
Напаѓачот, кој имал уште десетици ножеви, употребил нож со сечило од 5 сантиметри што го нарачал преку интернет, користејќи ги личните податоци на неговата мајка.
Предвидено е ново полициско одделение да ја следи продажбата на ножеви на социјалните мрежи, каде што често се продаваат нелегално и без контрола.
Владата најави и дека ќе ги засили проверките на личните документи при испорака на ножеви нарачани преку интернет и во директна продажба.
Ново на Сител
-
Иран жестоко го нападна Тел Авив, Израел најавува одмазда
-
Левица инсистира на надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани
-
Европскиот фронт смета дека треба да разговара за одговорност за трагедијата во Кочани
-
Земјотрес во Охрид и околината
-
Оружјето низ историјата-раритетна изложба во штипски „Безистен“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со доктор Катерина Мирчовска, директор на кочанската болница
-
Со владиниот авион ќе бидат евакуирани македонците кои се наоѓаат во Израел