Велика Британија и САД воведоа санкции против руски хакери поради кибер шпионажа

Велика Британија и САД воведоа санкции за двајца руски хакери поради, како што наведе британското Министерство за надворешни работи, долгогодишен, но неуспешен обид за мешање во политиката на руски кибер шпиони.
-Хакерската група, наречена Студена река (Cold River) од истражители за кибер безбедност, која работи за руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) веќе неколку години цели на британски политичари, новинари и непрофитни групи, соопшти Министерството за надворешни работи. Министерството за надворешни работи додаде дека рускиот амбасадор бил повикан во врска со ова.
Во јануари оваа година, западни медиуми јавија дека Студена река е насочен со активности кон три лаборатории за нуклеарни истражувања во САД. Денеска, висок американски функционер потврди дека Студена река успешно хакирала службеник на Министерството за енергетика.
Москва соопшти дека нема докази за наводите за кампања за дигитална шпионажа.
Групата, која е позната и како „Калисто“ или „Ѕвездена Бура“, првпат го привлече вниманието на разузнавачките специјалисти откако во 2016 година го нападна британското Министерство за надворешни работи.
Ново на Сител
-

И Вишиот управен суд потврди дека тужбата на Левица против АВМУ е неоснована
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Пријавување за субвенциониран студентски оброк од денеска до 5 декември
-

Снежна бура во САД: Откажани речиси 500 летови, верижен судир помеѓу 45 возила во Индијана
-

Николоски: Автопатот Гостивар - Букојчани го градиме интензивно, 17 километри се веќе пробиени
-

Акциска контрола во Кичево: Кривична против музичари од Босна и Херцеговина, настапувале без соодветна работна дозвола
-

Најстудено во Тетово, Битола и Берово
-

Аксиос: Прашањето за териториите беше доминантна тема на разговорите меѓу Украина и САД во Флорида
