Велигденска посета на митрополитот г.Петар во Домот за доенчиња и мали деца-Битола
Митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар, според востановената традиција, оствари Велигденска посета во Јавната установа Дом за доенчиња и мали деца-Битола.
На Велигден се радуваат сите, но најмногу децата и затоа веднаш по утринската богослужба првата денешна активност ја остварив токму во Ј.У. Дом за доенчиња и мали деца, посочи митрополитот г. Петар.
- Велигден е најголемиот христијански празник. Денес се пејат најубавите песни. Денес е ден кога сите се среќни и весели. Среќата и радоста им е потребна на сите, на возрасните и најмладите, на децата...на овие деца кои се згрижени во оваа значајна јавна установа и кои со Велигденско јајце во раката го слават Велигден. Христос Воскресе! Навистина Воскресе!, порача митрополитот г. Петар за време на посетата на Домот за доенчиња и мали деца и им додели велигденски подароци.
Претставници на Преспанско-пелагониската епархија во текот на денот ги посетија и им посакаа здравје и брзо заздравување на старите лица во домовите за сместување стари лица „Сју Рајдер“-Битола.
Ново на Сител
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото