Велигденска честитка на владиката г. Јосиф до верниците од епархијата
Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф денеска испрати празнична честитка до верниците од епахијата. Тој на верниците им посака Христовото Воскресние да донесе радост во срцата како и да биде благословен секој дом.
–Возљубени чеда на тетовско-гостиварската епархија при Македонската православна црква, нема поголема вест за човекот и светот за најрадосната вест за победа на животот над смртта. Со тој неповторлив настан, Бог ни објави дека сето го создава и кој е во Христа тој е новосознание. Со Воскресението добија смисла и небото и земјата. И човекот и светот и времето и вечноста. Нека светлината на Христовото Воскресние Ви ги осветли Вашите срца, а неговата бесконечна љубов го благослови Вашиот живот и Вашиот дом. Христос Воскресна, Навистина Воскресна, стои во честитката.
По повод Велика Сабота митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф во Лешочкиот манастир богослужеше света Василиева литургија во сослужение со повеќе свештенослужители.
Вечерва во 23 часот и 30 минути владиката во соборниот тетовски храм Свети Кирил и Методиј ќе го започне трикратниот опход околу црквата со пеење на Воскресение Твое Христе Спасе и со биење на камбаните. На полноќ ќе го објави Христовото Воскресение по што ќе следува Златоустова литургија.
Ново на Сител
-

Белата куќа демантира дека постои меморандум за разбирање со Иран за завршување на војната
-

Влада: Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за нашата европска ориентација
-

Времето утре нестабилно со пороен дожд
-

Иран соопшти дека нацрт-договорот со САД ќе ја обнови пловидбата низ Ормуската Теснина и ќе ѝ стави крај на поморската блокада
-

Одбележување на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа
-

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3
-

Приведени 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола
-

Најевтините 10 и најскапите 10 градови во Европа за туристите
