Величковски на средби со жители во скопски Карпош 1
Носителот на листата на Либералната партија во Изборната единица 1 Ивон Величковски и кандидатите за пратеници Љупчо Арсовски, Петар Горобински и Јасмина Димовска синоќа на средба со жители во населбата Карпош 1 во Скопје ги претставија партиските определби со кои настапуваат за изборите на 11 декември.
Не се водиме по она што сака да го чуе мнозинството, туку од потребното – нема да им се допаднеме на сите, туку ќе имаме поддршка од оние со кои ги споделуваме вредностите, рече Величковски.
Тој ги повика скопјани да изберат опозициска партија, која, како што рече, гарантира дека ќе нема широка коалиција, ќе остане на тие суштински принципи и ќе овозможи следната влада да биде без ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“.
Определба на Либералната партија, посочи, е да ја сопреме економската централизација и да ја овозможиме политичката урбанизација.
- Администрацијата ќе мора да се редуцира, таа не е основа за економски раст. Какво било чепкање во даночната политика е штетно, особено за малиот и средниот бизнис. Не заборавајте 70 проценти од вработените работат во мали, средни и микро компании, а само 30 проценти се вработени во големите фирми. Ако не го одржуваме претприемачкиот дух – нашата економија ќе биде осудена на колапс. Ако десницата го утепа бизнисот, левицата со овие предложени решенија ќе го дотепа и уништи до крај. Немаме време за трета транзиција на македонската економија, рече Величковски.
Ново на Сител
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски
-
Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе
-
Вработени во ЗОО Скопје: Град Скопје сами си го напишаа соопштението дека инспектори со оружје влегле во зоолошка и направиле масакр
-
Инфлацијата во светот е ставена под контрола