Македонија
13. December 2017 - 9:48

Величковски: Евроатлантските интеграции единствена алтернатива за Македонија

Покажаната пракса во современото опкружување е дека не постои земја која сама може да се соочи со сите безбедносни предизвици. Затоа, за Република Македонија нема друга алтернатива освен eвроатланtските интеграции, порача началникот на генералштабот (НГШ) на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски пред претставници на Конгресот на САД кои имаа можност, за прв пат од страна на еден НГШ да слушнат за напорите кои Македонија ги прави во полето на одбраната.

Како што соопштија од АРМ, Величковски кој е во посета на САД, вчера се обратил во Конгресот на САД заедно со командантот на Националната Гарда на Вермонт, генерал мајор Стивен Креј, пред конгресмените од Сојузните Држави Мичиген, Вермонт, Пенсилванија, Охајо, Индијана и Мисисипи.

НГШ ја претставил сегашната реалност во безбедносната сфера во Македонија и земјите од регионот, која е обликувана од заканите кои доаѓаат преку комплексноста на миграциската криза и останатите безбедносни предизвици како тероризмот, криминалот, сајбер опасностите, природните катастрофи и други актуелни безбедносни.

Според АРМ, конгресмените ја истакнале континуираната поддршка на САД, во зајакнување на одбранбените капацитети и зголемување на борбената готовност со цел постигнување на потполна интероперабилност на АРМ со армиите на земјите членки на НАТО.

За време на посетата, делегацијата на АРМ реализирала и неколку издвоени состаноци со конгресмените на кои се разговарало за потребата од понатамошна поддршка на Република Македонија и АРМ во остварување на аспирациите за полноправно членство на Република Македонија во НАТО.

Ново на Сител