Велибор Манев: Испаднав наивна будала која си го уништи животот, загубив пријатели, доверба и себе си
Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за учество во киднапирањето и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, на денешното рочиште во Основниот кривичен суд завршен збор. Тој негира дека сторил убиство, но призна дека учествувал во дел од настаните и тврди дека бил манипулиран и уценет од Љупчо Палевски.
„Од почеток одлучив да ја кажувам вистината, без разлика на казната. Не негирав ниту една снимка, потврдував присуство и објаснував детали за да добие судот јасна слика,“ рече Манев.
Тој посочи дека Обвинителството упорно се обидува да го прикаже како дел од организиран план за убиство, што според него не е точно. Претходно, во неговите искази, Манев тврдеше дека не знаел оти Палевски планирал убиства и дека, доколку знаел, не би копал три метра длабока дупка „со табаници и капак“.
„Не би направил земуница како за таен бункер ако знаев дека лицето ќе биде убиено. За мене, тоа беше операција за грабнување и изнуда пари од ќерка на фармацевт, како што тврдеше Палевски,“ рече Манев.
Обвинетиот истакна дека Обвинителството нема конкретни докази за соработка со лицето Сашо, ниту дека тој лично го познава, туку дека целата врска се темели на присила и манипулација.
За убиствата рече дека тој и останатите обвинети биле во целосен шок, откако Палевски „ги извршил ладнокрвно, без претходна најава“.
„После убиствата, ја чував снимката од мојот ресивер. Можев да ја избришам, можев да ги исклучам камерите – но тогаш ќе му давав алиби на Палевски,“ рече Манев.
Спомена и дека бил уценуван и заплашуван со животот на своето семејство. Го посочи и случајот со „плавиот ранец“ за кои се тврдеше дека во него било оружјето, за кој рече дека Палевски му дал наредба да биде пренесен или уништен по неговото бегство од државата. Притоа, го спомена и лицето Зоран Давитков, вработен во Народна банка и член на политичката партија Десна.
„Бев само алатка – шест години го поддржував, му ја давав душата, го вадев од затвор, трчав по адвокати. За крај, ме напика во затвор за нешто што не сум ни замислувал“, изјави Манев.
Своето излагање го заврши со каење и лично признание дека чувствува голем срам и душевна болка.
„Испаднав наивна будала која си го уништи животот. Загубив пријатели, доверба и себе си. Простете ми,“ заврши Манев, очекувајќи ја пресудата.
Ново на Сител
-
Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид
-
САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток
-
„Амазон“ ќе произведува 10.000 самоуправувачки „роботакси“ - возила годишно
-
Дисциплинската комисија на ЈОРСМ утврдила крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство
-
На граничните премини Богородица и Табановце од македонска страна се чека до половина час
-
УНХЦР се подготвува за голем бран бегалци од Иран
-
Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа над 40 луѓе
-
Просечната нето плата во април 45.452 денари