-->
-->
Велешкото езеро „Младост“ порибено со 350 килограми крап
-->
Велешкото Езеро „Младост“ вчера е порибено со 350 килограми крап, донација од Македонската риболовна федерација.
Како што информираат од СРД „Бабуна“ од Велес, поводот за оваа донација е претстојниот Крапски куп што на езерото „Младост“ ќе се одржи на 6, 7 и 8 мај годинава. Со цел зачувување на рибниот фонд на езерото „Младост“ од СРД упатија апел до граѓаните да се почитува риболовниот кодекс.
Како што информира Ѕвонко Мечалов од СРД „Бабуна“, средствата што ќе се соберат од купот, од котизација, ќе бидат наменети за ново порибување на езерото.
- Во моментов нема забрана за лов на крап во езерото, но друштвото очекува документ од Институтот за сточарство, а со кој треба целосно да се забрани риболовот во наредните две до три години, а заради негово намножување во езерото. Воедно така и подобро ќе се подготвиме не само за балкански купови и крапски првенства,туку и европските шампионати во крапски спортски риболов, информира Мечалов.
Општина Велес во изминатите месеци кај езерото „Младост“ направи патека за спортски риболов на крап, која е според европските стандарди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ахмети: Од Законот за јазици не смее да се смени ниту точка ниту запирка, ќе биде пружен „невиден отпор“
-
Тема на денот со Нуман Куртулуш, претседател на националното Собрание на Турција
-
Поскапува животот во Македонија, граѓаните велат новогодишната кошница е игра и замајување
-
Уставен ќе добие мислење од Венецијанска за Закон за јазици - Одлуката најдоцна до мај
-
Бизнисот го чека унгарскиот кредит, банките условите
-
Со правосилни пресуди до ефикасна борба со криминалот и корупцијата
-
Шест месеци нова Влада
-
Заврши стручниот надзор на Детска за починатото седуммесечно бебе – Таравари не сака да избрзува со заклучоци