Велешкиот театар со „Волшебникот од Оз“ на фестивал во Бугарија
Театарот „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ од Велес на 17 мај ќе настапи на Интернационалниот театарски фестивал на претстави за деца „Волшебната завеса“ во Трговиште, Бугарија, со „Волшебникот од Оз“ од Лајмен Френк Баум, во драматизација на Катерина Момева и режија на Александар Ивановски.
„Волшебникот од Оз“ е претстава за универзалните доблести - мудроста, способноста да се сака и храброста. Базирана е на книгата „Прекрасниот волшебник од Оз" на Баум, според која е направен и познатиот филмски мјузикл од 1939 година. Ја раскажува авантурата на девојчето Дороти кое од својот роден Канзас ќе заталка во волшебната земја од приказните наречена Оз и ги запознава своите идни пријатели страшилото, лимениот дрвосечач и лавот.
Сценографијата за претставата е на Филип Коруновски, костимографијата на Катерина Чукниева. Во актерската екипа се Талија Настова, Фаик Мефаилоски, Васил Зафирчев, Марија Стефановска, Александар Велјановски, Маја Љутков, Кети Борисовска и Драгана Босниќ.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје