-->
-->
Велешкиот театар на Македонско културно лето во Мала Преспа
-->
Ансаблот на велешкиот Народен театар и годинава учествуваше на Фестивалот „Македонско културно лето“ што вечерва завршува во Мала Преспа.
Во гратчето Лесна Велешкиот театар пред македонската публика во Мала Преспа, Албанија, синоќа се претстави со една од своите најнови претстави „Спанаќ со пржени компири“, според текст на унгарскиот автор Золтан Егреши,а во режија на младиот режисер Ненад Витанов.
Пред Македонците во Мала Преспа со голем успех се претставија актерите во оваа претстава Жарко Спасовски, Фаик Мефаиловски и Владимир Тулиев актер на Штипскиот Народен театар.
Претставата е во конкуренција за наградите на фестивалот за избор на најдобар актер бидеќи во неа играат само актери. Ќе биде прогласена и најдобра актерка, а наградите ќе бидат доделени вечерва на затворање на фестивалот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Гостивар и Тетово
-
Митинзи на СДСМ и коалицијата во Гевгелија и Валандово
-
Застрелан носителот на листа на ДУИ во Липково
-
Уапсени управители на старечки дом во Капиштец, се сомничат за нехуман третман на корисниците
-
Тема на денот со Борис Ѓорѓиевски, Дојче Веле
-
Почнува пријавување за бесплатната вакцинација против грип за ризичните групи
-
Апсење за нехуман третман на стари лица
-
4% инфлација во септември