Македонија
17. August 2016 - 14:51

Велешанец вооружен до заби, полицијата му заплени цел арсенал

СВР Велес поднесе кривична пријава против лицето К.Т. (68) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали„.
 
На 10. јуни од страна на полициски службеници извршен бил претрес во домот на пријавениот при што била пронајдена пушка марка ,,Бајкал”модел ИЖ-26- Е калибар 12мм, ловна пушка марка ИЖ калибар 16мм која пријавениот ја поседува со дозвола и пневматска пушка марка ,,Гамо” модел 610 со калибар 4,5мм. Ловните пушки биле со патрони. 

Исто така пронајден бил пиштол марка Екол Туна со калибар 6,35 мм и пет куршуми калибар 6,35 мм, 55 патрони марка Белон и Крушик калибар 16мм како и 24 патрони марка Корона калибар 12мм.

Од преземени мерки утврдено бил дека пушката, пиштолот и муницијата неовластено ги поседувал во својот дом.