Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник

Полициски службеници од СВР Велес ноќеска во 02.10 часот го лишиле од слобода 49-годишниот М.Н. од Велес откако при контрола на ул. „Благој Ѓорев“ утврдиле дека вози со 1,62 промили алкохол во крвта. Откако бил приведен нападнал полициски службеник.
Како што денеска информираат од СВР Велес, при сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал М.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта.
Тој бил приведен во полициска станица, каде физички нападнал полициски службеник.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297-а и 383 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, најавија од СВР Велес.
МИА
Ново на Сител
-

Мадуро утре ќе се појави пред американскиот суд
-

Мицкоски: На Бугарија и пречи македонскиот јазик во акцискиот план за малцинствата
-

Жестоки мерки за маркетите кои не го почитуваат Законот за нефер трговски практики, најави Мицкоски
-

40-годишна жена смртно прегази 60-годишник: Дали со „Сејф Сити“ ќе се намали бројот на загинати во сообраќајки?
-

Мицкоски за Усје: Не можеме на никого да му влеземе дома и да му кажеме да ја пресели куќата
-

Дежурните служби во Скопје полни со болни пациенти
-

Отворена нова градинка во Сопиште
-

По децении чекање, државни старечки домови конечно на повидок
