Велешанец лекуван од српски надрилекар починал додека бил лекуван од тумор со цедени сокови и тинктури

Јавното обвинителство во Лесковац отворило предистражна постапка против Мирољуб Петровиќ со која треба да се утврди дали се занимавал соп надрилекарство, објави Блиц.
Од Обвинителство во Лесковац веќе побарале од полицијата информации за случајот.
„ Тоа го правиме заради утврдување на постоење на основа за сомневање дека Мирољуб Петровиќ сторил кривично дело „тешко дело против здравјето на луѓето“ по член 259, став 2 и член 254 од Кривичниот законик“, се вели во одговорот од Обвинителството.
По ова, откога ќе се соберат сите докази Обвинителството ќе одлучи што понатаму. Петровиќ, контаверзниот травар и противник на традиционалната медицина и е познат на српската јавност заради методите на лекување и исцелување во неговиот „Центар за природна медицина“.
Деновиве тој се соочува со обвинение од македонско семејство поради смртта на 31 годишниот Славчо Петров кој на 7 јануари, почина од тумор на мозокот.
Неговата сестра, 23 годишната Билјана Јовановиќ, за смртта на нејзиниот брат го обвини лажниот доктор и надрилекар кој им наплатувал дебело за услугите и не дозволувал Славчо да се лекува во болница, убедувајќи ги дека само тој има решение за неговиот проблем.
Славчо останал шест дена во овој „Центар“, а секој ден му бил наплатуван по 120 евра. При тоа, строго му било забранувано да контактира со лекари од класичната медицина.
Лекувањето во неговиот „Центар за природна медицина“ се состоело од разни сокови и тинктури при што тие биле постојано убедувани да не бараат помош од лекар.
Билјана, сестрата на починатото момче ги објави и пораките кои ги разменувала со лажниот доктор, во кои тој ја убедува дека со неговите совети и молби кон Господ, сѐ ќе биде во ред и дека нема никаква потреба од лекар.
извор: duma.mk
Ново на Сител
-

Ставен во употреба новиот АТМ систем на меѓународниот аеродром Скопје
-

Пецаков: Ова лето застапеност на туристи кои ретко доаѓале во Охрид
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
