Велчев: Во Бугарија по воведувањето на еврото нема да се зголемат цените
Поранешниот бугарски министер за финансии Милен Велчев за„Нова њуз“ изјави дека по воведувањето на еврото во Бугарија нема да има зголемување на цените, јави дописникот на МИА од Софија.
– Секој Бугарин е навикнат на еврото и не му треба долг период на адаптација. Шпекулации со цени се можни сега, а по усвојувањето на еврото, јас сум скептичен дека цените нагло ќе се зголемат, истакна Велчев.
Според него, шпекулациите нема да бидат дозволени од слободниот пазар, иако секогаш ќе има бескрупулозни трговци, но има и владини агенции кои мораат да следат.
Во однос на заемите, Велчев е убеден дека по усвојувањето на еврото, нема да страдаат ниту должници ниту банки во Бугарија.
– Зачленувањето во еврозоната е цел, но тоа не е императив и различните влади на земјата може да имаат различни ставови кон тоа. Некои може да одлучат да го одложат влезот, посочи поранешниот министер за финансии.
Велчев наведе и дека заздравувањето од економската криза поради пандемијата не се одвива толку брзо како што се очекуваше и оти тоа ќе продолжи.
– Кога економијата е во опаѓање, министерот за финансии нема право постојано да кажува не. На двајцата бугарски министри за финансии во последните месеци може да им се честита за нивните постапки, истакна Велчев.
Тој додаде дека е убеден оти намалувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ) за одредени артикли е грешка, бидејќи по истекот на рокот ќе има притисок намалената стапка да продолжи да се применува.
– Со одлука на бугарската Влада на 1 јануари 2024 година Бугарија ќе го замени левот со еврото.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари