Веќе 40 години живее со крената десна рака, има добра причина за тоа
Индиецот Амар Барати повеќе од 40 години ја држи својата десна рака постојано крената, а причина за тоа е духовноста.
Тој се одрекол од земските секојдневни удобности за да го посвети својот живот на хиндуистичкиот бог Шива (или божица, зависно од тоа во кој дел од Индија се наоѓате).
Мускулите на раката му се целосно атрофирани, а ноктите му се огромни и подвиткани. Сепак, неговата посветеност стана симбол на верата, па тој послужи како пример и за други хиндуистички монаси.
Барати вели дека положбата на неговата рака претставува постојан поздрав и дека тој тоа го прави за мир во светот. Истовремено, тоа е и знак на протест против насилството.
Шива е едно од трите најголеми божества во Хиндуизмот, заедно со Брама и Вишна. Шива е претставен/-а како божество на огнот, а некаде и на плодноста, и на милоста.
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче Петров
-
Митинг на СДСМ во Велес
-
Тема на денот со Љузим Фаризи, политички аналитичар
-
Поднесено обвинение против петмина турски државјани за убиството во кафе бар во Штип
-
СДСМ продолжува со активностите на терен
-
Монтажен паркинг на Матка, промена на фасади во Карпош, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и денеска на терен
-
Избори 2025 - Активности на ДУИ и на ВЛЕН
-
Активности на кандидати за градоналачници