-->
-->
Вејд заминува од Мајами
-->
По 13 години минати во екипата на Мајами Хит и три освоени титули во НБА лигата, првиот играч на тимот Двејн Вејд најверојатно ќе си замине од клубот, соопштуваат американските медиуми.
Вејд на 1 јули ќе ја има улогата на слободен агент, а неколку екипи веќе покажаа интерес за негов ангажман.
34-годишниот кошаркар имаше неколку состаноци со првите луѓе на клубот, но не потпиша нов договор. Тој последната сезона ја заврши со 19 поени во преосек, со 4,6 асистенции и 4,1 скок по натпревар. Мајами плеј офот го заврши во второто коло.
Како потенцијални екипи за ангажман на Вејд се споменуваат ЛА Лејкерс, потоа Голден Стејт, можност повторно да игра со Леброн Џејмс (Кливленд), Њујорк, како и Оклахома Сити и Чикаго.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип