Македонија
4. September 2023 - 16:38

Вечерва протести за случајот Онкологија - Здравствените власти тврдат дека во моментов нема злоупотреби

Загрижени и со солзи во очи, со изморени лица што од болеста што од долгото чекање за преглед, онколошки пациенти со саати дремат пред клиниката. И млади и стари, дијагнозата велат е тешка но уште полоши се сомнежите по скандалот на Онкологија.

-Водам битка со рак на дојка. Бесот и гневот се огромни, затоа што ние треба да водиме битка со болеста или со нечија грижа на совест. Сали спијат мирно тие луѓе.

-Примив од најновата терапија, првата ме дигна. Втората ме кутна скроз, што ставиле ензнам..верувамте во ова што се зборува дека си поигурваа тсо пациенттие?- овде нема контрола на никој, велат пациенти на Онкологија.

И додека едни полека влегуваат за да стигнат до дневната болница за цитостатска терапија, други од раните утрински саати, иако болни чекаат ред за да ги прегледа лекар. Поминале стотици километри за џабе..

-Викаат па што сте дошле, да чека пациентот..ова е лудило, општо лудило

-Дојдовме во осум, еве сега е 12 уште чекаме..Ова не е хумано, ова е играње со тешко болни, велат пациенти.

По акцијата од пред три дена и запленувањето на доказни материјали, Обвинителството работи на нивно вештачење а поранешниот директор на Онкологија денеска се појавил на работното место.

-Немаме добиено од надлежните никакви насоки, вели д-р Виолета Клисаровска в.д. директор на Онкологија.

Скандалот на Онкологија ја згрози целата македонска јавност – згрозени од наводите се и првиот човек на здравствениот систем и менаџментот на клинмиката. Но велат не може да одговараат за времето кога не биле на функција. Медицинската директорка тврди дека сега ситер пациенти ја добиваат терапијата што им е пропишана.

-Одговорно тврдам дека од кога сум јас на оваа позиција, од ноември 2022, и сите ги уверувам дека секој пациент ја добива пропишаната терапија согласно утврдената доза која ја одредил неговиот лекар, без никаква манипулација со лековите.

Сега до лековите пристап имаат ограничен број сестри, кои се менуваат секој ден. Влезот до лековите е строго ограничен и е отворен само за оние кои доаѓаат во допир со нерастворен лек, вели д-р Клисаровска.

Сестрата која крадела лекови не работела во дневната болница и од 28 февруари била отстранета од работа а на 23 мај го добила отказното решение.

Министерот за здравство со тврдење до јавноста дека имаат постојани состаноци со менаџментот на Онкологија и побарал секој месец да добива извештај. Најави дека е можно и враќање на КАТО системот за контрола на терапијата.

-Веќе неколку месеци пред овој случај да излезе во јавност, се прават финансиски анализи дали КАТО системот да се врати во функција или да се обезбеди нов систем за контрола на терапијата. Веќе имаме остварено неколку состаноци и со новиот ребаланс на буџетот предвидуваме обезбедување на систем кој долгорочно ќе ги спречи евентуалните злоупотреби во иднина, вели Фатмир Меџити.

И Меџити и директорите на Онкологија бараат што побрзо откривање на виновниците доколку се потврдат наводите. Тоа го бара и Синдикатот на Клинички и останатите еснафски здрженија.

-Тоа е срамно и не смее да фрли дамка на сите вработени на Онкологија. Јас го подржувам протестот и ќе одам, вели Петар Серафимовски, претседател на Синдикат на Клинички.

И додека надлежните истражуваат, реакциите по социјалните мрежи не престануваат. Межу нив е и на епидемиологот и професор Драган Даниловски кој за овој скандал меѓу другот напиша – овој срам никога нема да си го испереме.