Вечерва на плоштадот Македонија „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше”
Вечерва во 19:30 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје, ќе се одржи традиционалниот музички хепенинг „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше".
Оваа година на задоволство на сите, покрај неговите познати хитови ќе имаме можност да ја слушнеме и до сега необјавената песна на ромски јазик на Тоше Проески „Ефта пуране иконе“ (Седумте стари икони), како и долгоочекуваната верзија на песната „Малечка“ на англиски јазик.
Настанот се одржува по иницијатива на обожавателите на Тоше Проески, во спомен на прерано починатата македонска музичка ѕвезда, на денот на неговиот последен концерт во Скопје, со цел сите заедно да се потсетиме на неговата музика и лик, но и да создадеме „ѕвездено небо“ во негова чест.
Од фан-клубот на Тоше Проески ги покануваат сите кои се во можност да дојдат на плоштадот „Македонија“ вечер во 19.00 часот и заедно да ги испееме рефрените кои ги знаеме наизуст, но и да ги слушнеме двете нови песни.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228