Loading Video...
Кошарка
3. December 2022 - 9:36

Вечер за паметење во НБА лигата – порази на водечките ТОП 4 екипи

Од 12-те натпревари во НБА лигата издвојуваме четири  натпревари. 
 
Неверојатна лоша вечер имаа „ТОП 4-те“ екипи во лигата, кои се на првите две позиции на табелите по конференциите, а сите претрпеа порази. 
Вечерта на биде дотолку полоша е фактот што три од нив загубија пред домашната публика. 
 
Така Мајами ја прекина низата од пет победи на Бостон совладувајќи ги „Селтикси“ по дополнителните 5.минути со 120-116. 
 
Слична драма имаше во Феникс каде „сонцата“ загубија од Хјустин со поен разлика 121-122, иако Девин Букер кој постигна 41 поен во поразениот тим, ги промаши последните два шута за победа. 
 
Слична судбина ја имаше и Милвоки која загуби од ЛА Лејкерс со 133-129, меч во кој Ентони Дејвис со 44 поени и 10 скокови го надигра Атетокумпо кој заврши со 4 поени и 3 скокови помалку. 
 
Бадијала дабл-дабл учинок на Никола Јокиќ, на гостувањето кај Атланта каде Денвер беше совладан со 117-109, а Србинот средбата ја заврши со 24 поени, 10 скокови и 8 асистенции