Вебер: Турција нема да стане членка на ЕУ
Зачленувањето на Турција во ЕУ е целосно исклучено, изјави лидерот на Пратеничката група на Европската народна партија во Европскиот парламент, германскиот демохристијанин Манфред Вебер.
- Турција нема да стане членка на ЕУ, изјави Вебер во интервју за весникот „Ноје Ознабрикен Цајтунг“.
Според него, наместо полноправно членство, многу „поразумно“ ќе биде ЕУ и Турција да склучат посебен договор за соработка во областа на економијата, културата и студентската размена.
Европскиот парламент во четвртокот усвои резолуцијата со која се бара замрзнување на преговорите за членство на Турција во ЕУ, во знак на протест поради чистките во земјата, по неуспешниот обид за преврат.
По ова турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека тој документ нема никаво правно значење на Турција, а претседателот Реџеп Тајип Ердоган се закани дека Анкара би можеле да ги отвори границите кон ЕУ за оние мигранти што сега се наоѓаат на нејзина територија.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Очекувам добри економски резултати
-
Охрид привлечен за посетителите
-
Текстилната индустрија зависи од странските партнери
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот