Ве чешат брадавиците или градите? - Постојат 11 причини за тоа

Интензивно чешање на градите и брадавиците е многу почесто отколку што мислите. Има повеќе причини за тоа: бременост, месечен циклус, навики во туширањето, но во некои случаи може да биде знак за нешто многу посериозно.
1.Дерматитис, псоријаза или сува кожа
Дерматитис и псоријаза може да предизвикаат чешање на брадавиците или на градите. Потребно е да го скратите времето на туширање и да не се капете со гел за туширање. Топлата вода уште повеќе ја суши кожата. Користете благ сапун и добра хидратантна крема.
2. Хемиска реакција на сапун или детергент
Хемикалиите во овие прозводи може да предизвикаат иритантен контактен дерматитис. Се појавува осип и црвенило на кожата.
3. Градник
За оние девојки и жени кои се занимаваат со спорт потребно е да користат спортски градник кој е изработен од памучни влакна, а не од синтетички.
4. Не се туширајте веднаш по вежбањето
Потта главно се состои од сол која ја суши кожата. Откако кожата ќе се исуши, почнува чешањето. Тоа може да доведе и до инфекција.
5. Бременост
Хормоналните промени и килограмите плус во бременоста предизвикуваат зголемување на градите и брадавиците. Растегнувањето на кожата на тие делови од телото предизвикува чешање.
6. Доење
И тоа може да предизвика чешање, посебно околу брадавиците. Остатоците од мајчиното млеко може да предизвикаат иритација. Посетете лекар ако чешањето е пропратено со болка, оток или распукани брадавици. Тоа се знаци на маститис.
7. Хормонални промени
При лачењето на хормоните, градите, освен што можат да бидат чувствителни, склони се кон иритација.
8. Терапија со зрачење
Зрачњето има многу нус појави, а чешањето е едно од нив. Лековите и кремовите што имаат кортикостероиди може да бидат од помош.
9. Заздравување од операција
Ако сте имале пластична операција за зголемување на градите или пак операција поради рак на дојките, градите дошле во допир со материјали кои може да предизввикаат чешање. Стручните лица велат дека тоа се нормални постоперативни реакции.
10. Можеби имате Пагетова болест
Пагетова болест на брадавиците е вид рак на дојка кој прв се појавува во облик на рана на брадавицата прекриена со краста или во вид на исцедок од брадавицата. Тоа е редок облик на болест кој влијае на горниот слој на кожата на брадавицата. Може да изгледа како екзем.
11. Сигнал за воспалителен карцином на дојка
Воспалителен карцином на дојка е агресивен облик на болеста кој настанува кога клетките на ракот ќе навлезат во кожата и лимфните јазли во градите.
Ново на Сител
-

Муцунски со честитка за Студентската листа: Им посакуваме многу успех во преземањето на одговорноста
-

Пад на цените на нафтата, денеска РКЕ ќе одлучува за цените на горивата
-

АХВ заплени и уништи 470 килограми месо и внатрешни органи во нерегистрирана комора во Василево | ФОТО
-

САД го охрабриле Орбан да се кандидира за генерален секретар на ОН
-

„Принглс“ нуди 200 години бесплатен чипс на оној што ќе се согласи да биде погребан во нивна кутија
-

Мбапе му донесе победа на Реал над Барселона
-

Како до побрза дигитализација на македонските компании? Андоновски и бизнис-заедницата на иста маса
-

Нетанјаху бара засилена поддршка од Трамп пред изборите - Белата куќа гледа знак на очај
