Васко Ковачевски: Енергетската поддршка од Турција е значајна за АД ЕСМ и за Македонија

Турција стана голем регионален центар за складирање и испорака на природен гас, и за АД ЕСМ и за Северна Македонија е значајно да имаме сигурно и стабилно снабдување со овој енергенс, поради потребите во кризата со електрична енергија, а особено во делот на кризата со топлинска енергија, и очекуваме во иднина да имаме поддршка од Турција на ова поле, истакнал директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски на денешната средба со турскиот министер за енергетика Фатих Донмез.
Како што информираат од ЕСМ средбата била одржана во Владата на Северна Македонија.
Ковачевски го запознал министерот за енергетика Фатих Донмез и членовите на делегацијата, со капацитетите на АД ЕСМ, производството на електрична и топлинска енергија, како и менаџирањето во услови на енергетска криза.
Директорот Ковачевски истакнал дека е добро во време на енергетска криза државава да има поддршка од Турција,која располага со зголемени можности и капацитети за производство на електрична енергија, и особено за снабдување со природен гас.
-Со претставниците на турската државна компанија БОТАШ, чија примарна дејност е продажба, испорака и складирање на природен гас, разменети беа информации и искуства од работењето на двете компании, и во текот на јануари ќе биде одржана посебна средба меѓу АД ЕСМ и БОТАШ во однос на снабдувањето со природен гас, на која средба ќе се разговара и за енергетските капацитети, можностите за снабдување со енергенси и другите опции за помош и поддршка од Турција во делот на енергетиката, е наведен во соопштението
Ново на Сител
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат – нови цени на горивата од полноќ
-

Во Албанија продолжуваат протестите, ЕУ бара одговорност
-

Пријави за поставени бомби во повеќе белградски училишта и два други града во Србија
-

Спасено мече во Велешко: Се фатило во нелегално поставена сајла, по интервенцијата пуштено во природа
