-->
-->
Васко Ефтов: ВМРО-ДПМНЕ е Барселона, СДСМ е Аликанте
-->

За тоа зошто Зоран Заев бега од избори говореше новинарот Васко Ефтов во своето гостување во Радио Слободна Македонија.
Тој направи споредба меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со фудбалски клубови и рече дека ВМРО-ДПМНЕ е Барселона, СДСМ е Аликанте.
-Ако сте вие Барселона, играте со Аликанте и може да го победите Аликанте со 4-0, ќе сакате ли да играте фудбал? Нормално дека ќе сакате. Ќе го победите 4-0. Што е работата на Аликанте? Да го дупне фудбалот, да не може да има утакмица. Аликанте е СДСМ, Барселона е ВМРО-ДПМНЕ. На ВМРО-ДПМНЕ исконски им треба избори каде што ќе добијат политички легитимитет, бидејќи во секој момент може да ги освојат тие 450.000 гласови или над 450.000 гласови кои ги освојуваат безмалку на сите избори од 2008 наваму. СДСМ на сите анкети губи со 150-180.000 гласови. Ајде да речеме да ја намали таа разлика, но и 100.000 разлика е убедлива разлика на ваква политичка конјуктура. Што може да прави СДСМ? Да нема утакмица. Зошто меѓународната заедница им помага на СДСМ? Бидејќи има проблем да прифати да биде од некого поразена во рамки на Република Македонија. Кога меѓународната заедница ќе се договори со тој некој тоа да биде на некој начин победа која нема да ги прави нив поразени, тогаш ќе има избори во Република Македонија, рече Ефтов.
Негово гостување во РСМ, слушнете го во продолжение
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?
-

Тема на денот со Златко Кузманов, Центар за интегрирана безбедност
-

МЕПСО бара речиси двојно повисока тарифа за пренос на струјата, можно е поскапување и на парното
-

Пензионерите бараат линеарно покачување на пензиите затоа што во пензија сите биле исти пред законот
-

Семејствата на починати пациенти бараат одговорност за наводните кубански вакцини
-

Стартуваше бесплатната имунизација проитив сезонски грип за ризичните групи
-

Уставен ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за мигрантите
-

СДСМ: Гренел соработникот на Мицкоски под истрага
