Васили: Социјалиститите да се произнесат за избори на 13 октомври, а потоа дијалог за кризата
Третата по големина политичка партија во Албанија и втора во обединетата опозиција, Социјалистичкото движење на интеграција(ЛСИ), чиј лидер е Моника Круемади, сопруга на претседателот Илир Мета, со став дека треба „најпрво владејачката Социјалстичка партија да се изјасни за 13 октомври, па потоа дијалог за кризата“.
Иако роковите за пријавување за учество на изборите за 13 октомври според последната уредба на шефот на државата се изминати, Васили верува дека се уште има време добро да се размисли и делува,зашто токму општата согласност за избори на 13 октомври е решение кое би го отворило патот за дијалог.
Шест месеци по почетокот на политичката криза, ЛСИ е на мислење дека решението ќе дојде од внатрешниот фактор.
-Мнозинството треба прво да изгради односи со законот, а потоа и со опозицијата. Социјалистичката партија да се изјасни за 13 октомври а дијалогот е втор. Ние како партија не се плашиме да се соочиме на избори со Еди Рама како премиер, но мнозинството треба да даде силни докази дека постои правна држава,изјави потпретседателот на партијата, Петрит Васили.
Посочува дека за нив како партија не е проблем Еди Рама како премиер, туку обврската кон албанските граѓани, но и пред светот, да се одржат избори според највисоките стандарди.
Од друга страна демократите на Љуљзим Баша, кои ја предводат обединетата опозиција, инсистираат на избори без премиер Рама. Сепак Васили ги негира гласините за несогласувања во опозицискиот камп.
-Демократската партија има цврст став дека 13 октомври е уставниот датум за избори. Постои јавен став на опозиција и нејзина подготвеност што побрзо да спроведе избори врз основа на потребнте стандрарди а не избори кои ги спроведуваат крадци. Вие не мислите дека ќе речеме, ајде да ги спроведеме изборите со оние што ги украдоа изборите во Пешкопеја, Драч…,вели Петрит Васили.
Обеднетата опозиција ги бојкотираше локалните избори одржани на 30 јуни, поради што социјалистите постигнаа целосен триумф, освојувајќи 60 од вкупно 61 градоначалничко место а и во советите на општините 76 отсто се нејзини членови.
Во врска со барањето на опозицијата да има локални избори на 13 октомври,за кога ги одложи претседателот Мета, премиерот Рама изјави дека „избори имало а 13 октовмри е неделен ден како и секој друг“.
Ново на Сител
-
Макрон: Путин не попушта, санкциите остануваат клучни
-
Амбасадата во Белград ја потврди информацијата за загинат македонски државјанин во сообраќајка
-
СДСМ реагира на најавата од владата
-
Истражна постапка против возачот на мотор кој го прегази Југослав Николовски
-
На граничните премини Богородица и Табановце се чека од 20 до 30 минути
-
Зеленски и Трамп се договорија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина
-
Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, оцени Тошковски
-
МВР апелира граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки