Македонија
11. March 2017 - 21:04

Васил Кузманоски избран за претседател на Нотарската комора на РМ

Васил Кузманоски од Охрид е избран за претседател на Нотарската комора на Република Македонија. 

Како што одлучи денеска Изборното собрание на Комората, нотарот Кузманоски, кој беше в.д. претседател, доби мандат за периодот 2017 - 2020 година. 

На Собранието беа избрани и други нови органи.