Вашингтон пост: Трамп е под истрага, но засега без обвинение

Американскиот претседател Доналд Трамп е под итрага на тимот на специјалниот обвинител Роберт Малер, но против него засега не се планира никаква обвинение, објави Вашингтон пост повикувајќи се на неименувани извори.
Малер е задолжен да открие дали имало соработка меѓу изборниот штаб на Трамп и Русија за време на претседателската кампања во 2016 година.
Трамп ја оквалификува истрагата како „лов на вештерки“, додека Русија негира каква било вмешаност на руските власти во американската кампања.
Весникот наведува дека обвинителот Малер не смета дека Трамп е цел на истрагата, што значи дека не располага со индиции што би отвориле пат кон обвинение.
Според неименуваните извори, Малер им кажал на адвокатите на Трамп дека подготвува извештај за дејствувањето на американскиот претседател како и за можна опструкција на правдата од негова страна. Малер беше именуван во мај 2017 година за истрага за можна соработка меѓу кампањата на Трамп и руските власти.
Ново на Сител
-

Цените на нафтата продолжуваат да се намалуваат, типот Брент веќе е под 77 долари за барел
-

Мицкоски: Со маркетите се договара инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3 проценти
-

Атлетико сака да ја тужи Барселона поради Алварез
-

Џереми Кларксон за животот по пребродувањето на ракот: Сега пешачам повеќе и јадам вегетаријанска храна
-

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно со Орден „8 Септември“ ќе ја одликува Наде Проева
-

СП 2026: Франција убедлива против Ирак
-

Нестабилно попладне со дожд, грмежи, силен ветер и можен град
-

Л’Екип му се извини на Доку поради коментарот на својата водителка
