Свет
13. February 2025 - 10:43

Вашингтон пост: Претставници на Белата куќа размислуваат за намалување на буџетот на федералните агенции од 30 до 40 проценти

Претставници на Белата куќа размислуваат за намалување на буџетот на федералните агенции во просек меѓу 30 и 40 отсто, фокусирајќи се на значително намалување на персоналот, објави Вашингтон пост, повикувајќи се на неименувани извори.

Весникот додава дека тимот на милијардерот Илон Маск, кој сега е на чело на Одделот за владина ефикасност (DOGE), иницирал големи отпуштања на федерални вработени.

Американскиот претседател Доналд Трамп и Илон Маск започнаа програма за „одложена оставка“, која има за цел да ги охрабри федералните работници сами да ги напуштат своите работни места со финансиски надомест.