„Вашингтон Фри Бикон“: Трамп идната недела ќе донесе одлука за договорот со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп планира во текот на следната недела да соопшти дека Иран не го почитува договорот за иранската нуклеарна програма и со тоа да ја раскине спогодбата што во 2015 година ја постигнаа шесте светски сили со техеран, објави „Вашингтон Фри Бикон“, повикувајќи се на извори во Белата Куќа.
Трамп неодамна изјави дека се работи за штетен договор и дека јавноста наскоро ќе слушне кој е ставот на Белата куќа по ова прашање.
Според договорот, Иран се согласи да ги предаде своите резерви на збогатен ураниум и да отстрани две третини од своите центрифуги со кои се збогатува ураниумот во рок од 13 години, а за возврат, другите земји потписнички на договорот ги олеснија санкциите кон Иран.
Проверката на спроведувањето на договорот е во надлежност на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) која треба да добие пристап до сите ирански нуклеарни постројки, но според Белата куќа, Иран не дозволува контрола.
Според извори во Белата куќа, американскиот државен секретар Рекс Тилерсон и секретарот за одбрана Џејмс Матис бараат договорот да остане во сила, но дека Трамп е гневен поради иранските ракетни проби, поради што планира да се откаже од договорот. Се очекува Белата куќа да се повика на неодамнешната најава од МААЕ дека организацијата не може да гарантира за сите нуклеарни постројки во Иран.
Повеќе републикански сенатори, како Тед Круз и Том Котон, го повикаа Трамп да објави дека Иран не го почитува договорот и со тоа да почне процес за повторно воведување санкции кон Техеран.
Ново на Сител
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
-

Расте цената на нафтата на светските пазари, неизвесно дали ќе поскапат горивата во земјава
-

Тетовчанец под дејство на алкохол приведен откако со возило удрил три малолетници
-

Двајца возачи под дејство на алкохол предизвикале сообраќајни несреќи со смртни последици и тешки телесни повреди
