Вашингтон бара „Раша тудеј“ да ги појасни своите активности во САД
Американското Министерство за правда побара од руската телевизија „Раша тудеј“ (РТ) да го почитува законот со кој сите странски државни организации се обврзани пред властите во САД да ги образложат нивните дејности и активности.
Претставничката на РТ, Ана Белкина наведе дека американското дописништво на руската телевизија добило писмо од Министерството за правда на САД, со кое се информира телевизијата дека треба да ги почитува обврските од законот за регистрација на странски организации во земјата.
Тој закон е усвоен во 1938 година, со цел да бидат идентификувани изворите на нацистичката пропаганда во САД.
Законот ги обврзува сите организации чии сопственици се странски земји, да ги образложат своите дејностите пред властите.
- „Раша тудеј“ ги консултира адвокатите кои го разгледуваат барањето, додаде Белкина.
Главната уредничка на РТ, Маргарита Симонијан ја објави соопштение на сајтот на телевизијата во кое се осудува барањето на американското Министерство за правда и се истакна дека тоа претставува доказ за „војната“ што ја водат САД против руските медиуми.
Вашингтон, често ја обвинува „Раша тудеј“ дека е пропаганден орган на Кремљ.
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци, Могила и Битола
-
Предизборен карван на СДСМ во Дебарца, Вевчани, Струга и Охрид
-
Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Одобрено обвинението за пожарот во Пулс
-
Сопствениците на диви депонии во Вардариште седнаа на обвинителна клупа
-
Ветувања од власта: Поширок булевар во Чаир, чист Центар, стипендии за повредените во Кочани
-
Шукова ќе го воведе БРТ системот за поефикасен градски јавен превоз