Варуфакис ги нарече кредиторите на Грција „терористи“
Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис ги нарече кредиторите на Грција „терористи“ и ги обвини дека сакале да ги понижат Грците, кои утре на референдум треба да се произнесат во однос на последните предлози на кредиторите за реформи.
Обвиненијата беа упатени во интервју на Варуфакис за шпанскиот весник „Мундо“.
- Тоа што кредиторите го прават со Грција може да се нарече со едно име и тоа е тероризам, рече Варуфакис, познат по своите слободни изјави.
- Зошто тие не принудија да ги затвориме банките? За да всеат страв кај луѓето. А кога станува збор за сеење страв, луѓето тој феномен го нарекуваат тероризам, додаде Варуфакис, говорејќи за политиката водена од кредиторите на Атина, ММФ, ЕЦБ и ЕУ.
Бидејќи не постигна договор со кредиторите во однос на продолжување на програмата за финансиска помош, владата на СИРИЗА ги затвори банките и објави контрола на капиталот до 6 јули.
- Какви и да бидат резултатите од референдумот утре, банките ќе ги отворат вратите и ќе има договор со кредиторите, рече Варуфакис.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас повика да се гласа со „не“ на референдумо, додека претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер повика да се гласа со „да“.
Ново на Сител
-
Тензиите на Блискиот Исток ги вивнаа цените на нафтата и гасот
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Градоначалникот на Кочани поднесе кривични пријави за неколку локали кои се уште работат незаконски
-
Одбраната бара ослободителни пресуди за Кешишев, Манев и Видевски за убиствата на Вања и Панче
-
Бјере: Моментумот за проширување е тука, искористете го
-
Се уште без договори Таравари со Ахмети, Тачи со Меџити
-
Бошњаците бараат кривично да се казнува негацијата на геноцидот во Сребреница
-
Реакција по роденденот на ВМРО-ДПМНЕ