Вароша - кипарски „град на духовите“
На почетокот на 70-те години на минатиот век, кипарскиот град Вароша беше топ туристичка дестинација која ја обожуваа ѕвездите како Бриџит Бардо, Пол Њумен и Елизабета Тејлор.
Но, преубавите песочни плажи и некогаш луксузните хотели и продавници денес се празни и запуштени, па ова кипарско одморалиште стана еден од најпознатите „градови на духови“.
По конфликтот меѓу Грција и Турција во 1974 година, градот го напуштиле сите 40 илјади жители. Никој од нив никогаш не се вратил, а иако Обединетите нации донесоа резолуција со која Светската организаиција би требало да ја преземе контролата над подрачјето, тоа се уште не се случи.
Иако двете кипарски заедници имаа планови за враќње на туризмот на недопрените песочни плажи кои некогаш беа светски туристички хит, ништо од тоа засега не се оствари.
Наместо тоа, најновите снимки од „градот на духови“ откриваат запуштени рушевини на згради и улици по кои некогаш се возеле луксузни автомобили. Сцената на пустиот град делува помалку застрашувачки, како од апокалиптичен филм.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето