Вархеји во Тирана на средба со лидерите од Западен Балкан

Европскиот комесар за проширување и добрососедство Оливер Вархеји денеска ќе престојува во Тирана на работен ручек со лидерите на земјите од Западниот Балкан, соопшти Европската комисија.
Според албанските медидум, на средбата, чиј домаќин е албанскиот премиер Еди Рама, потврдено е учеството на премиерот Димитар Ковачевски и неговите колеги од Босна и Херцеговина, Борјана Кришто, од Србија, Ана Брнабиќ и од Црна Гора, Дритан Абазовиќ. Единствено косовскиот премиер Албин Курти до вчера го немаше потврдено своето присуство на состанокот.
Средбата во Тирана е замислена како неформален состанок посветен на актуелните состојби во регионот и на подготовките на Самитот на Берлинскиот процес предвиден за во октомври во главниот град на Албанија.
Во пресрет на денешната средба, Вархеји минатата недела обраќајќи се на сесијата на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСЦ), нагласи дека Европската комисија продолжува да го поддржува реформскиот процес во земјите кандидати за членство и државите од соседството за нивна вистинска трансформација.
Тој потенцира дека еден од главните столбови на оваа трансформација се амбициозните економски и инвестициски планови, во чии рамки за земјите од Западниот Балкан е предвидена поддршка од 30 милијарди евра.
– Овие економски и инвестициски планови веќе даваат забележливи резултати во намалувањето на социо-економскиот јаз меѓу нашите региони и нашите партнери и нивно приближување до ЕУ, рече еврокомесарот за проширување.
Вархеји потсети дека неодамна претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен го презентираше новиот План за раст за Западен Балкан, наменет за зајакнување на економската и социјалната конвергенција преку искористување на придобивките на членството во ЕУ и пред целосното пристапување кон блокот.
Тој нагласи дека планот се базира на четири столба – приближување на регионот до единствениот пазар на ЕУ, зајакнување на регионалната економска интеграција меѓу шесте земји од Западен Балкан, забрзување на фундаменталните реформи и зголемена претпристапна финансиска поддршка.
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
