Вархеји: Нормализација на односите со Косово остануваат клучни за преговорите за пристапување на Србија во ЕУ
Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска изјави дека владеењето на правото и нормализацијата на односите со Косово остануваат клучни за преговорите за пристапување на Србија во ЕУ и ја истакна важноста Србија да продолжи да постигнува добри резултати на терен во тие области, јави Бета.
Говорејќи на прес-конференцијата по Меѓувладината конференција на која Србија го отвори кластерот четири во преговорите за пристапување во ЕУ, Вархеји рече дека Европската комисија ќе продолжи да прави се што може за да го забрза процесот на пристапување на Србија и на регионот.Отворањето на преговорите за кластерот 4 претставува силен политички сигнал за посветеноста на Европската унија за пристапување на Србија, истакна денеска европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји. На прес-конференцијата Вархеји рече дека за првпат се отвораат преговори за еден кластер, што се состои од четири поглавја. Според него, Србија прави уште еден важен чекор кон влезот во ЕУ.
-„Отворањето на поглавјето е многу добра вест за Србија и нејзините граѓани, како и за целиот Западен Балкан. Ова испраќа силна порака дека ЕУ сака да го забрза својот ангажман во Зелената агенда”, објасни тој.
Ново на Сител
-
Верниците од Дебарско-кичевската епархија ја изразуваат својата волја: Владиката Партениј повикува само на посветеност и молитва
-
Ги завел дека пешки ја поминале границата без да ги провери во систем, кривична за полицаецот кој го пушти Груби
-
По Божиќ ќе биде исплатен вториот заем од 500 милиони евра од Унгарија, најави премиерот Мицкоски
-
Туфегџиќ: Обвинителството потврди дека немало комуникација помеѓу таткото Александар и Љупчо Палевски
-
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба
-
Средба Мисајловски - Бардуани: Продолжуваме со придонесот во КФОР кој ја зацврстува регионалната безбедност
-
Албанија уништи над 60 тони мандарини, вратени од земји членки на ЕУ, поради високо ниво на пестициди
-
Андоновски: Родителите на учениците да ги искористат забраните што постојат на мобилните уреди