Loading Video...
Ракомет
3. September 2019 - 14:05

Вардарци вечерва ја почнуваат одбраната на титулата во СЕХА лигата

 
Ракометарите на Вардар вечерва пред својата публика ја започнуваат одбраната на титулата во СЕХА лигата 
 
Ракометарите на Вардар вечерва пред својата публика ја започнуваат одбраната на титулата во СЕХА лигата 
 
Петкратниот првак од СЕХА конкуренцијата, Вардар вечерва од 20 часот и 45.минути во СЦ „Јане Сандански“ ќе го игра првиот натпревар во новата, 9-та сезона во регионалното ракометно натпреварување. 
 
Вардарци за противник ќе го имаат дебитантот од далечниот исток тимот на  Пекинг Спортски Универзитет.
 
„Среќен сум што почнува официјалниот дел од сезоната и што ќе биде во Скопје. Пекинг Универзитет е непознат тим. Сепак, после Супер Глоуб за нас е важно да го кренеме нивото и да почнеме да играме сè подобро. За играчите е добро да почнат во добар ритам и без разлика што ова е непознат ривал наше е да одиграме најдобро што можеме и се надевам дека како ќе одминува времето ќе бидеме сè подобри", изјави тренерот на вардарци, Давид Писонеро.
 
И крилото Шишкарев потврди дека ракометарите едвај чекаат да започни сезоната. 
 
„Подготвени сме за новата сезона и со нетрпение го очекуваме. Во одбрана сме иста постава како и лани. Ни недостигаат некои детали, но со тек на времето ќе биде подобро. Сигурно ќе растеме како одминува времето. Имаме многу работи на кои треба да работиме во следниот дел од сезоната, а ние знаеме што и како треба да направиме", изјави крилото Данил Шишкарев.
 
За почетокот на сезоната Вардар нема да може да смета на Стојанче Стоилов и Жозе Толедо, кои се повредени. Во екипата се врати и Глеб Калараш кој ќе ја засили одбраната.
 
Во новата сезона во која годинава ќе има вкупно 12 екипи поделени во две групи, втор македонски претставник ќе биде тимот на Еурофарм Работник кој пред својата публика во Битола утревечер ќе игра против московски Спартак.
 
Сезоната стартуваше вчера со изненадување во кое Војводина го победи Нексе со 29-23. 
 
Покрај дуелот во Скопје, денеска си игра и првото дерби во кое Мешков Брест го пречекува Вспрем, како и средбата меѓу Металопласита и ППД Загреб.