-->
-->
Вардарци супериорно ја надиграа и совладаа Барселона
-->
Актуелниот македонски и европски првак Вардар на супериорен начин совладувајќи ја Барселона стигна до четвртата победа во Лигата на шампионите.
Вардарци пред својата публика во преполната сала на СЦ „Јане Сандански“ ја победија Барселона 27-24 полувреме 16-12 во меч од 5.коло на А групата.
Гостите од Шпанија беа рамноправни само во првите 12-минути кога резултатот беше израмнет 6-6, по што следуваше еуфорична игра на вардарци во двата правци. На голот несовладлив беше Штербик, а во нападот Борозан и Циндриќ го полнеа голот на Барселона, за на полувремето Вардар да замине со +4 (16-12).
И во вториот дел иста слика. Вардарци рутинирано ја одржуваа предноста која на крајот сепак изнесуваше три гола 27-24.
Вуко Борозан со 6 и Хорхе Македа со 5 постигнати гола беа најефикасни во редовите на Вардар.
Покрај овој меч денеска во А групата се одигра и дуелот Нант – Кристијаншдад 34-25, додека на средбите кои беа одиграни претходно ПИК Сегед на гости ја победи Висла со 33-27, додека Рајн Некар Левен славеше против ППД Загреб со 31-24.
Табела: Вардар 9 бодови, Рајн Некар Левен 8, ПИК Сегед 7, Барселона 7, Нант 5, ППД Загреб 1 и Кристијанштад 1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сите пристапни улици до штипската Клиничка болница ќе се реконструираат
-
Студентите во БиХ бараа одговорност за жртвите и уништувањето во минатогодишните поплави
-
Зеленски ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција
-
Ердоган: Потребен е нов светски поредок
-
Маск повика на затварање на Радио Слободна Европа и Гласот на Америка
-
Николовски: Поднесени пријави за уште осум лица за кривичните дела со употребувани возила
-
Претседателот на Адана Демирспор поднесе оставка по напуштањето на натпреварот против Галатасарај
-
Поскапуваат ЕУРОСУПЕР БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство