Вардар за само пет дена по втор пат поразен од ПИК Сегед
Ракометарите на Вардар вечерва се поразени на гостувањето кај ПИК Сегед со 34:33 во својот осми настап сезонава во Лигата на шампионите.
Македонскиот првак одигра добро прво полувреме, во два наврата имаше три голови предност, а на полувреме отиде со водство 19:17. Унгарскиот тим пресвртот го најави на самиот почеток на вториот дел со серија од 4:0 и водство со 21:19. Вардарци возвратија со два врзани погодоци изедначија со 21:21, но домаќините повторно влегоа во ритам и со шест последователни гола поведоа со 27:21. Оваа разлика се покажа како недостижна за избраниците на тренерот Стевче Алушовски кои до крајот успеаја да се изборат за чесен пораз.
Голманот Кантегрел со 14 одбрани и крилото Чупиќ со девет погодоци беа најдобрите во составот на Вардар.
По осум средби во А групата Вардар има шест порази и се наоѓа на последното (8.место) со три бода, додека ПИК Сегед е петти со 10 бода.
Ново на Сител
-
Тема на денот со историчарот Митко Панов
-
Соработка помеѓу Државниот завод за статистика и УГД - Штип
-
ММФ прогнозира раст од 2,2% за Македонија
-
Остри реакции на помилувањата од претседателката
-
Мицкоски за 23. Октомври побара национална стратегија со МАНУ
-
Наградата 23. Октомври врачена на поетот Славе Димоски
-
Ќе се евидентира целиот имот на државата
-
Од утре вакцинација против грип кај здравствените работници на работно место