Loading Video...
Фудбал
15. February 2020 - 18:45

Вардар шампионски ја започна пролетната сезона

Фудбалерите на Вардар стартуваа со значајна победа на отворањето на пролетната сезона совладувајќи ги лавовите од Ѓорче Петров со 3-1 со што остануваат цврсто на врвот на табелата во домашното првенство.

          Црвено-црните влегоа како фаворит на овој дуел против незгодниот противник кој во првиот дел од сезоната беше поуспешен во меѓусебните дуели. Така и играа од самиот почеток и по одличната соло акција на Цветаноски  Жуниор го отвори резултатот за водство од 1-0.  Во продолжението од мечот Вардар го засили темпото и тоа му донесе убедливо водство со головите на Ибиши и Цветаноски.  Конечните 3-1 ги постави Карваљо со убав удар во 67-та минута. 

          Вардар со оваа победа останува на врвот со 39 бодови.