Вардар против Веспрем во мечот на колото во Лигата на шампионите
Екипата на Вардар денеска од 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“ излегува против унгарски Веспрем во меч од 12 коло во Лигата на шампионите од групата „А“.
„Црвено-црните“ се сигурен патник во осминафиналето, но важно е да се задржи второто место и разликата во однос на Веспрем, Киелце и Рајн Некар, за евентуален полесен противник во елиминациската фаза.
На првиот меч со Веспрем во Унгарија, Вардар победи со 27:25, што беше и нивна прва гостинска победа против Унгарците.
Тренерот на скопскиот тим, Роберто Парондо на пресот пред мечот изјави дека очекува тежок натпревар, но дека играчите се подготвени за она што претстои.
– Сакаме многу бодови во последните три средби. Ќе ни биде навистина тешко бидејќи Веспрем е квалитетна екипа во која играат многу добри ракометари. Сакаме да победиме и победата е најважна за нас, изјави Шпанецот.
Натпреварот во Скопје е прогласен од ЕХФ за меч на колото во Лигата на шампионите.
Поради големиот интерес на фановите, во продажба беа пуштени дополнителен број на билети за дуелот.
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд