-->
-->
Вардар пропушти шанса да ја победи Барселона
-->
Ракометарите на Вардар пропуштија голема можност да го совладаа актуелниот европски првак Барселона во натпревар од 8.коло на Лигата на шампионите, одигран вечерва во Скопје. Лошата игра во завршните 10-тина минути ги чинеше вардарци пораз со 25:27.
Бодрени од 6000 навивачи присутни во СЦ „Јане Сандански’’, вардарци одлично го започнаа натпреварот и веќе во 15-минута имаа четири голови предност (9:5). Европскиот првак возврати со серија од 4:1 за израмнување во 23-минута на 10:10. До крајот на првиот дел Вардар постигна 5, а Барселона 2 гола, па црвено-црните на одмор заминаа со три гола позитива (15:12).
Во второто полувреме, македонскиот првак, речиси постојано одржуваше предност од год до три, се до 55-минута кога со седмиот гол Томас им донесе водство на гостите до Шпанија со 24:25.
Тоа како да им даде дополнителен мотив на гостите кои рутинирано ја одржуваа предноста во завршните 5-минути, за на крајот да се радуваат на победа со конечни 27:25.
Најефикасен во редовите на Вардар беше Горбок со 5 гола, додека кај гостите Тунижанецот, Жалуз постигна 8 , Гонзалес беше стрелец на 7, а Кирил Лазаров постигна 4 гола.
Оваа рунда во „Б’’ групата ќе биде комплетирана со мечот меѓу Киелце – Колдинг, кој започна доцна попладнево.
Со победата Барселона ја задржа лидерската позиција на табелата сега со 13 бодови, пред Рајн Некар Ловен кој има 11, а Вардар остана на 10 колку што има и ПИК Сегед 10. По нив следуваат, Киелце 8 (-1 натпревар помалку), Кристијанштад 4, Монпелје 4 и Колдинг 2 (-1)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дурмиши вели овој состанок им е последна опомена и ако продолжат со неосновано поскапување ќе има многу строги мерки
-
СДСМ: Инфлација од 4,8% – промашените политики на власта го туркаат народот во сиромаштија
-
Вработените во Флораком и Луна од 10 часот почнаа протест поради неисплатени плати
-
Има ли доволно сместувачки капацитети на брегот на Охридското Езеро?
-
Зголемување на финансиските средства во буџетот на Општина Штип
-
Преглед на вестите од светот
-
Антикорупциска ќе пресече дали Собранието да ѝ избере претседател пред изборите
-
Тема на денот со членови на Здружението „Карпалак“