Вардар подобар од А.Пандев
Вардар дојде до водство во судиското надополнување. Почна да тече втората минута од продолжението, Хамбарџумјан нафрли од десната страна, а Максимов со глава од 3-4 метри погоди во долниот десен агол од голот на Вујанац, за водство на „црвено-црните“ после кое следуваше крај на првиот дел.
Вардар нападна и на стартот на вториот дел, со желба да ја однесе победата од Струмица. После првата прилика на Академија Пандев преку Стоилов, следуваше обидот на Фелипе од слободен удар кој што оди за малку крај голот. Следуваше шансата на Максимов во 69. минута кога беше премногу на страна, но упати удар кој што го одбрани Вујанац. Во 75. минута и Стојков го проигра Велковски кој шутираше непрецизно. Три минути подоцна првата шанса на Балдовалиев, неговиот удар оди крај голот.
Во 79. минута Фелипе се обиде, топката оди над пречката, но Вујанац успеа да спаси
На две минути пред крајот на средбата после една акција по средината, Фелипе го проигра Стојков кој што излезе сам пред голот, и погоди во долниот десен агол.
17.КОЛО
А.Пандев -Вардар 0-2
Силекс - Работнички 2-1
Пелистер - Шкупи 2-2
Скопје- Победа 0-1
Ренова - Шкендија 1-6
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг